Од 24 до 26 Февруари на Шар Планина ќе се одржи практичниот дел од зимскиот испит за кандидатите за водичи во планина кои се обучуваат во Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина според меѓународниот професионален стандард IML - International Mountain Leader. 

За време на испитот знаењето на кандидатите ќе се проверува преку неколку работни задачи и тоа:

  • Поставување и поместување на камп во зимски услови;
  • Безбедност во зимски услови;
  • Физички проверки;
  • Движење по зададена патека со контролни точки;
  • Решавање проблем ситуација на планинска несреќа;
  • Изработка на план за движење и работа со клиенти по зададена маршрута со изработка на основен план за менаџирање на ризикот;
  • Техники на движење и безбедност на заснежена падина.

Кандидатите што ќе го поминат успешно практичниот дел од зимскиот испит ќе полагаат теоретски испит, писмен и усмен. Теоретскиот испит ќе се одржи на почетокот на Април оваа година.

Летниот дел од испитот е предвиден за првата половина на Јуни 2017 година.

Со успешно полагање на двата дела од испитот, зимскиот и летниот, кандидатите се стекнуваат со називот Водич во планина според IML - International Mountain Leader стандардот, што подразбира придржување до критериумите за обука и работа поставени од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.

Во оваа генерација идни водичи во планина има кандидати кои ја започнаа својата обука во Мај 2014 година и кандидати кои започнаа со обука во Април 2015 година.