Се известуваат сите кандидати кои изразија интерес за учество во обуката за Водичи во планина што ќе ја организира МАИВП во перидот од Јануари до Јуни 2018 година дека ќе бидат контактирани од страна на одговорните во МАИВП и ќе добијат Пријава за учество во обуката.

Пријавата треба да се пополни и скенирана да се прати на меил адресата на МАИВП (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) и на адреса на одговорното лице (Ристе Калинов - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Рокот за доставување на пријавите е 12 Јануари 2018 година.

 

Накратко после добивањето на пријавите, МАИВП ќе направи избор на кандидатите кои ќе ја започнат обуката и истите ќе бидат известени.

Како што беше првично најавено обуката ќе се изведува во периодот Јануари - Јуни 2018 година во рамки на 5 до 6 викенд семинари. Трошоците за спроведување на обуката изнесуваат 220 евра по учесник и истите се уплаќаат на жиро сметка на МАИВП по добиеното известување за прием во процесот на обука.

Дополнителни информации може да се добијат во МАИВП.

Македонска асоцијација на
интернационални водичи во планина

Претседател: Костантин Циривири

 

Пријавата можете да ја симните на следниот линк: ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКАТА