Во организација на тренинг центарот при МАИВП, а во рамки на проектот „Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици“ спроведуван од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ и Експлор, на 02 и 03 декемвди 2017 година, во хотел Скардус, на Попова Шапка, се одржа дводневен семинар на тема „Безбедност и управување со ризици“.

 

На семинарот се вклучија 30 учесници, водичи во планина и членови на повеќе клубови за алпинизам, планинарство, спелеологија, велосипедизам, турно скијање, јавање коњи, како и неколку туристички видичи, кои на различни начини се вклучени во организација на туристички патувања од областа на авантуристичкиот туризам. Предавачи на семинарот, беа инструкторите на МАИВП, Костантин Циривири и Антонио Додевски, кои на присутните им ги презентираа основните принципи за управување со ризици, идентификација, процена и превенција на на ризиците, како и местото и улагата на водичите во системот за управување со ризиците. За време на презентациите, беше забележан голем интерес и проактивност од страна на учесниците, а беше и донесен заклучок дека на оваа тема, неопходно е организирање на повеќе обуки, поради што веќе во месец Јануари ќе се организира уште една обука, на која покрај водичите, ќе бидтат вклучени и туристичките агенции.