uimla zimska ekspertiza maiml

Од 15 до 20 Февруари во Македонија беше спроведена така наречената зимска експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA. Летната и зимската експертиза се задолжителна обврска за секоја национална организација во процесот на верификација на обраозвната програма и системот за работа. Времето и местото на експертизите беше дефинирано во Април 2017 година за време на состанокот на техничката комисија на UIMLA.

 

25498097 10155927982927902 853517648685321268 nНа 16-ти и 17-ти Декември 2017 - та година во Хотел Спорт, дел од комплексот на хотел Бистра во Н.П.Маврово, а на иницијатива на МАИВП во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, се реализира регионална средба на водичите во планина од Македонија, Албанија и Косово.На средбата беше презентирана новата транснационална патека High Scardus Trail, која минува низ трите соседни држави, а исто така присутните дискутираа за унификација на стандардите за водење, пред се за овој проект/патека, меѓутоа на наша иницијатива ги разгледаме и имавме можност преку презентации, да чуеме за генералните стандарди за водење во сите три земји.

24312798 10155870791272114 8983469556916860570 nВо организација на тренинг центарот при МАИВП, а во рамки на проектот „Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици“ спроведуван од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ и Експлор, на 02 и 03 декемвди 2017 година, во хотел Скардус, на Попова Шапка, се одржа дводневен семинар на тема „Безбедност и управување со ризици“.На семинарот се вклучија 30 учесници, водичи во планина и членови на повеќе клубови за алпинизам, планинарство, спелеологија, велосипедизам, турно скијање, јавање коњи, како и неколку туристички видичи, кои на различни начини се вклучени во организација на туристички патувања од областа на авантуристичкиот туризам.

sobranieЗа време на генералното собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA, што се одржа од 7 до 12 Ноември во Намур, Белгија, беше едногласно усвоен позитивниот извештај од летната експертиза на техничката комисија на UIMLA, што беше спроведена во Македонија во Јуни оваа година.Официјалниот извештај содржи високи оцени за организираноста на МАИВП, начинот на спроведување на летниот испит и покажаното знаење од страна на кандидатите. Инспекторите нагласено ја изразија својата воодушевеност од прецизноста во спроведување на програмата, начинот на организирање на испитот и оценување на знаењето и покажаната дисциплина од страна на кандидатите.