Одржана регионална средба на водичите од Македонија,Косово и Албанија

На 16-ти и 17-ти Декември 2017 - та година во Хотел Спорт, дел од комплексот на хотел Бистра во Н.П.Маврово, а на иницијатива на МАИВП во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, се реализира регионална средба на водичите во планина од Македонија, Албанија и Косово.

Успешно спроведена летната експертиза,инспекција од UIMLA

IMG 20170618 111141На 16, 17 и 18 Јуни 2017 година во националниот парк Галичица беше спроведена летна експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.Летната експертиза преставува инспекција од страна на техничката комисија на UIMLA која што е задолжена за спроведување на стандардите за обука и работа на професионалните водичи во планина.Летната и зимската експертиза се задолжителен дел за една национална организација на водичи во планина во процесот на верификација на програмата за обука и работа од страна на UIMLA.

 

Обука за „Управување со ризици“

Во организација на тренинг центарот при МАИВП, а во рамки на проектот „Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици“ спроведуван од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ и Експлор, на 02 и 03 декемвди 2017 година, во хотел Скардус, на Попова Шапка,

Одржан зимски испит

Од 24 до 26 Март на Шар Планина се одржа зимскиот испит за кандидатите кои се обучуваат за професионални водичи во планина согласно со програмата на меѓународната унија на професионални водичи - UIMLA. На испитот присуствуваа 24 кандидати кои ја започнаа својата обука во Мај 2014 и Април 2015 година. Во текот на трите денови теренска работа кандидатите ги демонстрираа своите вештини за движење и престој на планина во зимски услови, менаџирање на група во зимски услови и справување со најчестите ризици.

Усфоен официјалниот позитивен извештај на UIMLA од летната експертиза во Македонија

sobranieЗа време на генералното собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA, што се одржа од 7 до 12 Ноември во Намур, Белгија, беше едногласно усвоен позитивниот извештај од летната експертиза на техничката комисија на UIMLA, што беше спроведена во Македонија во Јуни оваа година.Официјалниот извештај содржи високи оцени за организираноста на МАИВП, начинот на спроведување на летниот испит и покажаното знаење од страна на кандидатите. Инспекторите нагласено ја изразија својата воодушевеност од прецизноста во спроведување на програмата, начинот на организирање на испитот и оценување на знаењето и покажаната дисциплина од страна на кандидатите.