Одржан зимски испит

Од 24 до 26 Март на Шар Планина се одржа зимскиот испит за кандидатите кои се обучуваат за професионални водичи во планина согласно со програмата на меѓународната унија на професионални водичи - UIMLA. На испитот присуствуваа 24 кандидати кои ја започнаа својата обука во Мај 2014 и Април 2015 година. Во текот на трите денови теренска работа кандидатите ги демонстрираа своите вештини за движење и престој на планина во зимски услови, менаџирање на група во зимски услови и справување со најчестите ризици.