Заврши обуката на кандидатите за водичи од генерацијата 2018

На ден Недела – 3 Ноември 2019 година, после дваесет и два месеци обука и одржани триесет и еден семинар, заврши обуката на кандидатите за водичи во планина според меѓународниот стандард IML – International Mountain Leader, што се спроведува според платформата за работа на меѓународната унија UIMLA (Union of international mountain leaders associations).

 

Обуката на кандидатите од оваа генерација започна во Јануари 2018 година и се спроведе преку интензивна обука во рамките на која што беа одржани триесет и еден семинар со летни и зимски содржини. Обуките се изведуваа во повеќе планински масиви во земјава, најмногу во НП Маврово, Шар Планина и НП Галичица.

Обуката на оваа генерација идни водичи во планина беше мониторирана од страна на инспектори од UIMLA и лично претседателот на техничката комисија на UIMLA. Оваа генерација беше веројатно најкомплексната во досегашните обуки што се спроведени од страна на тренинг центарот на МАИВП, и преставуваше сериозен предизвик како за инструкторите, така и за самите кандидати. Обуката ја започнаа 27 кандидати, на кои во Мај 2018 им се приклучија уште 10 кандидати. Зимскиот испит се одржа на крајот на Март 2019, а во периодот од 15 до 17 Ноември 2019 ќе се одржи завршниот испит.

Им посакуваме многу среќа и енергија на кандидатите во предстојниот двонеделен период до одржувањето на испитите и очекуваме зголемување на семејството на лиценцирани IML (UIMLA стандард) водичи во Македонија, што е особено значајно за капацитетите на локалната заедница на водичи во планина, но и за туристичкиот сектор во земјава.

Од 14 Ноември 2019 започнува обука на нова генерација кандидати за водичи според IML стандардот.

International Mountain Leader е единствен професионалени меѓународно прифатен стандард за водичи во планина на нетехнички планински терен – hiking тури. Инструкторскиот тим на МАИВП петнаесет години посветено работи на имплементација на овој стандард во нашата земја.

01 zavrsena obuka vodici generacija 2018 02 zavrsena obuka vodici generacija 2018
03 zavrsena obuka vodici generacija 2018 04 zavrsena obuka vodici generacija 2018
05 zavrsena obuka vodici generacija 2018 06 zavrsena obuka vodici generacija 2018
07 zavrsena obuka vodici generacija 2018 08 zavrsena obuka vodici generacija 2018
09 zavrsena obuka vodici generacija 2018 11 zavrsena obuka vodici generacija 2018
12 zavrsena obuka vodici generacija 2018 13 zavrsena obuka vodici generacija 2018
15 zavrsena obuka vodici generacija 2018 16 zavrsena obuka vodici generacija 2018
17 zavrsena obuka vodici generacija 2018 18 zavrsena obuka vodici generacija 2018
19 zavrsena obuka vodici generacija 2018 20 zavrsena obuka vodici generacija 2018