ОБУКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОДИЧИ ВО ПЛАНИНА

Во втората половина на Октомври 2021 година ќе продолжат обуките за професионалните водичи во планина кои се обучуваат според меѓународниот IML (International Mountain Leader) стандард.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕЏОВИТЕ И КАРНЕТИТЕ ОД UIMLA ЗА 2019

Оваа година заради административни процедури кои беа поврзани со трансфер на сметката на UIMLA од Белгија во Франција, како и заради промена на благајникот на организацијата, процедурите за уплата на членарините, а последователно на тоа и можностите за подигнување на карнетите, стикерите за тековната година и беџовите на UIMLA, беа пролонгирани. 

Заврши обуката на кандидатите за водичи од генерацијата 2018

На ден Недела – 3 Ноември 2019 година, после дваесет и два месеци обука и одржани триесет и еден семинар, заврши обуката на кандидатите за водичи во планина според меѓународниот стандард IML – International Mountain Leader, што се спроведува според платформата за работа на меѓународната унија UIMLA (Union of international mountain leaders associations).

Обука на нова генерација на водичи во планина

Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина во Јуни 2019 ќе започне со обука на нова генерација водичи во планина. Обуката ќе се изведува според програмата за обука и работа на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of international mountain leaders associations).Обуката е наменета пред се за водичи од Берово и Скопје.

Промоција на првите UIMLA водичи во Македонија

На 19 Јуни 2019 година, во хотелот Порта, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи мала свеченост при што ќе бидат промовирани првите водичи во планина од Македонија кои се стекнаа со меѓународна лиценца според професионалниот стандард на UIMLA.

Успешно спроведена зимската експертиза

Од 15 до 20 Февруари во Македонија беше спроведена така наречената зимска експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.