СЕМИНАР ЗА ОБУКА И РЕЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА

Заради искористување на актуелните снежни услови и во насока на логична подготовка за зимската сезона, престојниот семинар на 11 и 12 Декември 2021 година (Сабота и Недела) ќе се одржи на Попова Шапка со адаптирани работни содржини. Семинарот е задолжителен за лиценцираните водичи за обновување на важноста на легитимацијата, како и за кандидатите од генерациите 2019 и Малешевија. 

Место на одржување на теоретските содржини во рамки на семинарот е хотел Конак (семинарска сала во приземјето на хотелот), а практичната работа ќе се изведува на падините на Церипашина. 
 
Во Сабота на 11 Декември во времето од 19.30 до 20.30 ќе се одржи информативна средба со членовите на извршниот одборна МАИВП заради запознавање со најновите случувања во UIMLA, во туристичкиот сектор во нашата земја и плановите за работа за 2022 година. 
 
Сместувањето и исхраната се во сопствена организација на секој учесник. 
 
Се потсетуваат сите учесници на семинарот да ја прилагодат опремата и облеката според условите на планината и најавените временски прилики. 
 
За учество на семинарот лиценцираните водичи треба да имаат подмирено членарина за 2022 година во износ од 3100 денари, а на крајот на семинарот ќе можат да ја подигнат својата UIMLA налепница за 2022 година.

Членарината треба да се уплати на:
Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина
Жиро сметка број: 300000002843785
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје

Право на учество на семинарот имаат и стажантите од генерацијата 2018.

Дополнителни информации може да се добијата на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Во продолжение следува преглед на работните содржини за време на семинарот.

 Време Тема Вид на активност
САБОТА 11.12.2021   
 10.30 - 12.00 Зимска метеорологија  Теорија
 12.00 - 12.45 Навигација  Теорија
 12.50 - 13.30 Планирање и организирање тура на планина со примена на стандардни оперативни процедури;  Теорија
14.00 - 16.30
  • Метеорологија;
  • Риск менаџмент во зимски услови;
  • Ноќна навигација во зимски услови;
 Практична работа на терен
17.00 - 19.00
  • Прва помош на планина - повреди и состојби
Теорија/практична работа
19.30 - 20.30 Информативна средба за запознавање со најновите збиднувања во МАИВП и UIMLA  Теорија
НЕДЕЛА 12.12.2021
 9.00 - 10.30  Лавинологија  Теорија
 10.45 - 16.00
  • Анализа на снежна покривка и процена на лавинска опасност;
  • Спасување во лавини (пребарување, сондирање, откопување);
  • Прва помош на настрадани во лавина;
Практична работа по работни
позиции
 16.00 - 17.00  Затворање на семинарот  

 

 

01 seminar relicenciranje 2021 02 seminar relicenciranje 2021 03 seminar relicenciranje 2021