- Да бидат способни да придружуваат клиенти и безбедно да водат групи на планина, во летни и зимски услови.
- Да бидат спсособни да вршат процена на нивото на подготвеност на клиентите во корелација со тежината на планинската тура.
- Да бидат способни да извршат правилно планирање на планинската тура и истата безбедно да ја реализираат придржувајки се до основните принципи за безбедност на планина.
- Да знаат правилно да ракуваат со личната и колективната планинарска опрема, како и да ги познаваат принципите за нејзино чување и одржување, и за истото да ги советуваат лицата кои им се доверени на водење во планина.
- Да ги познаваат основните принципи на метеорологијата и предвидување на временските прилики.
- Да ги познаваат принципите за ориентирање во планина во различни временски прилики и на различен по конфигурација терен.
- Да се грижат за планинската инфраструктура.
- Да ги запознат учесниците во турата на планина со природните специфики на планинскиот локалитет, како и со културните и историските особености на местата низ кои се движат.
- Да бидат способни да укажуваат прва помош во планина.
- Да знаат успешно да раководат со групата која што ја водат, вклучувајки и превенција и разрешување на евентуални внатрешни конфликти.
- Да ги познаваат основните принципи на работењето во туризмот, како на домашниот пазар така и на меѓународниот.
- Да ги познаваат основните нормативи за осигурување и безбедност во туризмот, со акцент на планинскиот туризам.
- Да ги познаваат принципите на екологијата и еколошкото делување на планина.
- Да ги познаваат принципите и да делуваат во областа на заштитата на природното и културното наследство.