Најнови вести на МАИВП Македонија

На барање на дел од водичите, семинарот што беше планиран да се одржи на 4 и 5 март 2023 година во Жировница, во планинската куќа Говедарица, ќе биде поместен за во месец Април. Точниот датум и местото на одржување ќе бидат утврдени во текот на следната седмица.

Првиот овогодишен семинар наменет за обновување на УИМЛА легитимациите на членовите на МАИВП ќе се одржи на 4 и 5 март 2023 во село Жировница во НП Маврово.
Сместувањето ќе биде во планинарскиот дом Говедарица каде што ќе се изведуваат и теоретските содржини од обуката.

Согласно одлуката на Генералното Собрание на меѓународната унија на професионални планински лидери - UIMLA (Union of International Mountain Leaders Association) одржано во ноември минатата година, од Јануари 2023 година престанува важноста на старите легитимации и се воведуваат нови, со изменет дизајн и различна поставеност на податоците на предната страна од карнетот.

Заради искористување на актуелните снежни услови и во насока на логична подготовка за зимската сезона, престојниот семинар на 11 и 12 Декември 2021 година (Сабота и Недела) ќе се одржи на Попова Шапка со адаптирани работни содржини. Семинарот е задолжителен за лиценцираните водичи за обновување на важноста на легитимацијата, како и за кандидатите од генерациите 2019 и Малешевија.

Во втората половина на Октомври 2021 година ќе продолжат обуките за професионалните водичи во планина кои се обучуваат според меѓународниот IML (International Mountain Leader) стандард.

На ден Недела – 3 Ноември 2019 година, после дваесет и два месеци обука и одржани триесет и еден семинар, заврши обуката на кандидатите за водичи во планина според меѓународниот стандард IML – International Mountain Leader, што се спроведува според платформата за работа на меѓународната унија UIMLA (Union of international mountain leaders associations).

На 19 Јуни 2019 година, во хотелот Порта, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи мала свеченост при што ќе бидат промовирани првите водичи во планина од Македонија кои се стекнаа со меѓународна лиценца според професионалниот стандард на UIMLA.

Оваа година заради административни процедури кои беа поврзани со трансфер на сметката на UIMLA од Белгија во Франција, како и заради промена на благајникот на организацијата, процедурите за уплата на членарините, а последователно на тоа и можностите за подигнување на карнетите, стикерите за тековната година и беџовите на UIMLA, беа пролонгирани.