IMG 20170618 111141На 16, 17 и 18 Јуни 2017 година во националниот парк Галичица беше спроведена летна експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.Летната експертиза преставува инспекција од страна на техничката комисија на UIMLA која што е задолжена за спроведување на стандардите за обука и работа на професионалните водичи во планина.Летната и зимската експертиза се задолжителен дел за една национална организација на водичи во планина во процесот на верификација на програмата за обука и работа од страна на UIMLA.

 

 И покрај тоа што експертизата беше спроведена во комплексни околности, бидејки истата се спроведе за време на летниот испит на кандидатите за водичи во планина, истата беше исклучително позитивно оценета од страна на инспекторите на UIMLA. МАИВП доби многу позитивни оцени во сите сегменти од мониторирањето на испитниот процес - организација на активностите, ниво на подготвеност на кандидатите, а посебно беше нагласена ефикасноста и објективноста на системот за оценување на кандидатите, за кој што добивме и официјално барање да биде ставен на располагање на другите членки на организацијата и во иднина да биде имплементиран како официјална пракса од страна на UIMLA.

      

Земајки во предвид дека инспектори за време на експертизата беа Доминик Олбрехт и Роберт Шумиец, без дилема најискусните проценители на UIMLA, позитивните коментари се повеќе од охрабрувачки за нашата организација, а воедно се и потврда за посветената работа во изминатите десетина години.

После спроведената експертиза “на терен“ следуваат неколку административни процедури, после што ќе биде изготвен официјален извештај од инспекторите кој треба да биде усвоен од техничката комисија, извршниот одбор на UIMLA и на крајот од генералното собрание што ќе се одржи во Ноември 2017 година во Белгија.

За зимата 2018 година е закажана зимската експертиза. Работиме интензивно, одличните резултати да бидат повторени и за време на зимската инспекција.