Во втората половина на Октомври 2021 година ќе продолжат обуките за професионалните водичи во планина кои се обучуваат според меѓународниот IML (International Mountain Leader) стандард.

 

За кандидатите од генерацијата која што ја започна обуката во 2019 година програмата за обука ќе се спроведува во периодот од Октомври 2021 до крајот на Мај 2022 година, а за кандидатите од Малешевијата обуката ќе се спроведува до Мај 2023 година. Можни се одредени измени во предвидената програма и временската рамка во зависност од временските прилики, логистичките околности и напредокот во процесот на обуката.

Обуките се отворени за сите лиценцирани водичи или кандидати кои се во процес на обука, со претходна најава кај одговорните инструктори.

Во прилог (атач на оваа објава) е прегледот на обуките за периодот од Октомври 2021 до Јули 2022 година.

Дополнителни информации може да се добијат на меил адресата на МАИВП: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

DOWNLOAD ПРОГРАМА ЗА ОБУКА