Согласно одлуката на Генералното Собрание на меѓународната унија на професионални планински лидери - UIMLA (Union of International Mountain Leaders Association) одржано во ноември минатата година, од Јануари 2023 година престанува важноста на старите легитимации и се воведуваат нови, со изменет дизајн и различна поставеност на податоците на предната страна од карнетот.
Согласно одлуката на UIMLA, сите лиценцирани водичи, членови на МАИВП, треба да ги заменат старите легитимации. За замена на старите легитимации потребно е:
- Да се уплати членарина за 2023 година,
- Учество на семинари за релиценцирање,
- Фотографија во дигитална форма (доколку водичот сака да биде заменета претходната фотографија).
На состанокот на Извршниот Одбор и Надзорниот Одбор на МАИВП, одржан на 3 фебруари 2023 година, во врска со членарината донесени се следните одлуки:
- Членарината за 2023 година изнесува 6150 денари,
- За да се добие легитимација/маркичка за тековната година, водичот е должен да ги има подмирено членарините за претходните две години (2021 и 2022) како и членарината за 2023 година. Членарините за 2021 и 2022 година изнесуваа 3100 денари годишно.
- Уплатите се прават на сметката на МАИВП:
- Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина МАИВП Скопје
Сметка број: 300000002843785
Банка: Комерцијална банка Скопје
- Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина МАИВП Скопје
Ажуриран список на водичи кои ја обновиле важноста на својата легитимација ќе биде објавен на веб страната на МАИВП, а истиот ќе биде доставен и до сите туристички агенции во земјава и во регионот, како и до институциите и организациите под чија надлежност е туризмот. Во прилог на списокот ќе биде даден и линкот од веб страната на UIMLA каде што се наведени инструкции како да се препознае лиценциран UIMLA водич (линк - КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛИЦЕНЦИРАН UIMLA ВОДИЧ).
На состанокот на ИО и НО на МАИВП констатирани се злоупотреби на логото на UIMLA, па заради избегнување слични проблеми во иднина, МАИВП информира дека:
- Право на употреба на беџот и логото на UIMLA имаат само водичи кои ги исполнуваат критериумите за обновување на важноста на својата легитимација,
- Логото на UIMLA не може да се употребува од страна на кандидати или водичи кои не се стекнале со право да бидат носители на UIMLA легитимација,
- За сите дополнителни информации околу правото за користење на беџот и логото на UIMLA, може да се посети официјалната страна на меѓународната организација (линк - ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЛОГОТО НА UIMLA).
Дополнителни информации може да се добијат на е-меил адресата на МАИВП:
Во прилог како изгледа валидна легитимација која треба да ја поседува водичот.