На 16-ти и 17-ти Декември 2017 - та година во Хотел Спорт, дел од комплексот на хотел Бистра во Н.П.Маврово, а на иницијатива на МАИВП во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, се реализира регионална средба на водичите во планина од Македонија, Албанија и Косово.
На средбата беше презентирана новата транснационална патека High Scardus Trail, која минува низ трите соседни држави, а исто така присутните дискутираа за унификација на стандардите за водење, пред се за овој проект/патека, меѓутоа на наша иницијатива ги разгледаме и имавме можност преку презентации, да чуеме за генералните стандарди за водење во сите три земји.
Македонија беше претставена од членовите на инструкторскиот тим, како и водичи кои од страна на МАИВП се препознати како кандидати за инструктори во тренинг центарот на нашата организација.
Оваа соработка не запира тука, па во скоро време се очекуваат и други вакви средби кои ќе ја збогатат соработката на организациите од трите земји, што директно ќе придонесе за зголемување на квалитетот и услугата кој ќе го даваат водичите од овие три земји, како и заедничка промоција на овој проект на голем број саеми и пред домашни и странски тур оператори кои треба да продаваат дел од пакетите кои взаемно ќе се креираат.