Ian SpareНа 19 Јуни 2019 година, во хотелот Порта, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи мала свеченост при што ќе бидат промовирани првите водичи во планина од Македонија кои се стекнаа со меѓународна лиценца според професионалниот стандард на UIMLA.Минатата година во Ноември, МАИВП стана полноправна членка на меѓународната унија на професионални водичи во планина, со што се стекна со право за издавање меѓународна лиценца. Процесот на зачленување на МАИВП во UIMLA траеше десет години при што беа спроведени неколку инспекции и мониторинг посети од страна на преставници на меѓународната организација.

Како што е вообичаено, во текот на посетите се мониторира процесот на обука, организирање и спроведување на испитите, водење на документацијата, критериумите за контрола на работењето на водичите...

 Примена на докажаните меѓународни стандарди во туризмот е од огромна важност за развој на земјата и регионот како квалитетна дестинација со издржани и привлечни производи.

Како пиониери во имплементацијата на првиот меѓународен стандард за работа во авантуристичкиот туризам, МАИВП го става на располагање своето искуство за сите заинтересирани субјекти кои работат во областа на активниот туризам, а кои сакаат да имплементираат меѓународни стандарди за работа.

За време на промоцијата пред присутните ќе се обрати претседателот на UIMLA, Господинот Ian Spare.