Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина во Јуни 2019 ќе започне со обука на нова генерација водичи во планина. Обуката ќе се изведува според програмата за обука и работа на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of international mountain leaders associations).Обуката е наменета пред се за водичи од Берово и Скопје.
Имено МАИВП потпиша договори за обука на двајца водичи од Берово за потребите на локалното туристичко здружение Малешевска Корија и со фондацијата Албиз од Сарај, за обука на пет водичи кои треба да ги зајакнат капацитетите за давање услуги во планинскиот туризам во Сарај и Матка.
Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои сакаат да започнат со обука за водич во планина според меѓународниот професионален стандард IML (International Mountain Leader) се следните:
- Да имаат завршено најмалку средно образование;
- Да не се осудувани за насилство;
- Да имаат лекарска потврда за занимавање со спорт;
- Да се осигурани од несреќа при занимавање со планинарство;
- Да бидат на возраст од најмалку 18 години;
- Да имаат завршено основна обука за движење и престој на планина;
- Да имаат познавања за планинската географија на Македонија;
Приемот во процесот на обука се врши во неколку фази:
- Доставување пријава (може да се симне од веб страната на МАИВП);
- Селекција преку:
- Тест за физичка подготвеност
- Писмен тест
- Интервју со кандидатот
Тестовите се спроведуваат во присуство на тројца инструктори од МАИВП, а приемот го потврдува извршниот одбор.
Обуката ќе започне кон крајот на месец Јуни 2019 година.
Дополнителни информации може да се добијат во МАИВП.