Оваа година заради административни процедури кои беа поврзани со трансфер на сметката на UIMLA од Белгија во Франција, како и заради промена на благајникот на организацијата, процедурите за уплата на членарините, а последователно на тоа и можностите за подигнување на карнетите, стикерите за тековната година и беџовите на UIMLA, беа пролонгирани.
Согласно правилникот за работа на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина и одлуката на УО од Април 2019 година, право на легитимација од UIMLA (карнет, стикер за тековната година, беџ и текстилен беџ) имаат водичи кои ги исполнуваат следниве услови:
- Редовни уплати на членарина во МАИВП од моментот на добивање на првата легитимација заклучно со 2019 година.
- Платена членарина кон МАИВП за 2019 година во износ од 2.000 денари, како и трошоците за карнет, стикер и метален беџ во износ од 600 денари. Цената на текстилниот беџ изнесува 150 денари.
- Учество на семинари за релиценцирање, со динамика од најмалку еднаш во една календарска година.
- Придржување до одредбите од правилникот за работа на МАИВП.
И уште неколку дополнителни информации во врска со користењето на логото и беџот на UIMLA.
- Беџовите ќе се добиваат со задолжување на реверс. Беџот е сопственост на МАИВП која го пренесува правото за користење на истиот на водичите кои ги исполниле условите од правилникот за работа. Во тек е постапка за правна заштита на беџовите на UIMLA и МАИВП.
Ова е со цел за да се спречи злоупотреба во однос на релиценцирањето, уплатата на членарините и придржување до одредбите од правилникот за работа на МАИВП. - Беџот на UIMLA треба да се користи задолжително заедно со логото на МАИВП.
За доделувањето на карнетите, стикерите и беџовите од UIMLA, планирана е мала свеченост за официјално доделување на беџовите на првата генерација водичи во планина според IМL стандардот, која ќе се одржи во Скопје на 19 Јуни 2019.
Повеќе детали за ова ќе споделиме во наредните денови, после состанокот на УО на МАИВП.
Во средината на Јуни 2019 година ќе биде ажурирана листата на “активни“ водичи во планина од МАИВП, кои имаат право на користење на карнетот и беџот на UIMLA и истата ќе биде објавена на веб страната на МАИВП и ќе биде доставена до туристичките оператори во земјата и соседните земји.
Уплатите за членарина и беџовите се вршат на сметката на МАИВП. Следуваат податоци.
Назив на субјектот: Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина МАИВП Скопје
Сметка број: 300000002843785
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Членарина за 2019
Македонска Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина
Претседател: Костантин Циривири