На барање на дел од водичите, семинарот што беше планиран да се одржи на 4 и 5 март 2023 година во Жировница, во планинската куќа Говедарица, ќе биде поместен за во месец Април. Точниот датум и местото на одржување ќе бидат утврдени во текот на следната седмица.
Вториот семинар за релиценцирање во 2023 година, со зимски теми, ќе се одржи кон крајот на ноември или почетокот на декември, во зависност од временските прилики и количеството снег на планините.
Ја користиме оваа прилика да ги информираме водичите кои не ја подмириле членарината кон Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, дека тоа можат да го направат преку жиро сметката на МАИВП во Комерцијална Банка.
Следуваат податоци за сметката:
Назив на субјектот: Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина МАИВП Скопје
Сметка број: 300000002843785
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Членарина за 2023 (2022, 2021 кај неподмирените обврски од претходните две години).
Дополнителни информации може да се добијат на меилот на МАИВП: