Согласно со членовите 16, 17 и 18 од Статутот на Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, свикувам Годишно Собрание на МАИВП на ден 24.02.2024 година, кое што ќе се одржи во Тетово.
Собирањето на членовите ќе биде од 17.00 до 17.15 часот пред Планинарскиот Клуб Љуботен во Тетово.
Седницата на Собранието ќе се одржи во салата на Центарот за балканска соработка ЛОЈА, во центарот на Тетово со почеток во 17.30 часот.
Лице за логистичка асистенција е Сашо Јаневски (мобилен: +389 76 450 653).
За Собранието го предлагам следниот дневен ред:
- Известување за работата на МАИВП;
- Финансиски извештај;
- Избор - реизбор на органи на управување на МАИВП:
- Избор на Работно Претседателство
- Избор на Верификациона Комисија
- Усвојување на деловникот за работа
- Избор на органи на управување:
- Претседател,
- Генерален Секретар
- Технички Секретар
- Членови на Извршниот Одбор
- Членови на Надзорниот Одбор
- Измени и дополнувања на Статутот на МАИВП.
- Усвојување на програма за работа за 2024 година.
- Усвојување на план за организација и спроведување на Годишното Собрание на UIMLA што ќе се одржи во Македонија, во Ноември 2024 година.
- Разно.
Седницата на Годишното Собрание ќе се изведе хибридно, со физичко присуство и онлајн преку платформата Zoom.
Согласно член 17 од Статутот на МАИВП, Собранието го сочинуваат сите негови редовни членови со платена членарина. Согласно одлуката на ИО право на учество во Собранието имаат сите членови кои имаат платено членарина за 2023 година, како и новолиценцираните членови што имаат платено членарина за 2024 година.
Во текот на наредните денови ќе бидат доставени дополнителни материјали за Седницата на Собранието и извештај за работата.
За дополнителни информации стојам на располагање.
Со почит.
Костантин Циривири,
Претседател на МАИВП