На состанокот на Извршниот и Надзорниот Одбор на МАИВП, одржан на 30.12.2025, усвоена е програма за континуирана професионална доедукација на членовите на МАИВП за 2026 година. Обуката ќе се спроведува преку семинари со физичко присуство, како и online сесии.
I. Задолжителни семинари за релиценцирање со физичко присуство
Во текот на 2026 година ќе бидат реализирани четири семинари со физичко присуство наменети за обновување на важноста на легитимацијата. За обновување на важноста на титулата и правото на користење на беџот на UIMLA секој член на МАИВП е должен да присуствува најмалку еднаш годишно на семинар за релиценцирање, при што во период од две години треба да се учествува најмалку на еден летен и на еден зимски семинар.
Следува преглед на датумите за одржување на семинарите:
- Прв зимски семинар - 4 и 5 април 2026
Местото на одржување ќе биде дополнително одредено
- Прв летен семинар - 25 и 26 април 2026
Местото на одржување ќе биде дополнително одредено
- Втор летен семинар - 24 и 25 октомври 2026
Местото на одржување ќе биде дополнително одредено
- Втор зимски семинар - средина на месец декември 2026 (условено од временските прилики).
Местото на одржување ќе биде дополнително одредено
Организацијата и реализацијата на семинарите е со волонтерски ангажман на инструкторите и членовите на ИО и НО на МАИВП.
II. Online сесии (незадолжителни)
Како и претходните години, така и во текот на оваа година ќе се одржуваат online сесии како дел од програмата за континуирана професионална доедукација. Во првите шест месеци акцентот ќе биде ставен на теми од областа на меките вештини.
Следува преглед и распоред на темите, како и методологијата за реализација на сесиите.
Јануари 2026
1. Донесување одлуки за време на тура на планина со клиенти
Цел на сесијата:
- Разбирање на процесот на донесување одлуки под притисок.
- Препознавање на когнитивни пристрасности (heuristics, overconfidence, confirmation bias).
- Разликување помеѓу „добра одлука“ и „добар исход“.
Методологија: Кратка презентација и вежби со анализа на реални водички сценарија („што би одлучиле во одредена ситуација – и зошто“).
Фебруари 2026
2. Од информации до разбирање: Ефективно брифирање на клиентите
Цел на сесијата:
- Структурирање на брифингот на начин кој клиентите ќе можат да го разберат.
- Запознавање со потенцијалните ризици без создавање страв или лажна сигурност кај клиентите.
- Адаптација на брифингот според структурата на групата, културниот контекст и претходното искуство.
Методологија: Кратка презентација со вежби - демонстрација на кратки брифинзи за зададена тура и анализа на брифингот и добивање повратни информации од колегите.
Март 2026
3. Ситуациска свест и перцепција на ризикот
Цел на сесијата:
- Подобрување на „читањето на теренот, времето и луѓето“.
- Разбирање на раните предупредувачки сигнали.
- Одржување на свесност во долготрајни и монотони ситуации.
Методологија: Кратка презентација надополнета со анализа и дискусија на основа на реални сценарија и препознавање/непрепознавање на раните предупредувачки знаци.
Април 2026
4. Управување со неочекувани ситуации во контексти кои не се итни (ситуации во кои не е појавен сериозен ризик или вондредна состојба)
Цел на сесијата:
- Управување со ситуации во „сивата зона“ (замор, пад на морал или мотивација, микро-инциденти).
- Донесување навремени корективни одлуки.
- Превенција од ескалација во вистинска вонредна состојба.
Методологија: Кратка презентација со анализа на реални сценарија од личните искуства на водичите со ставање акцент на препознавање/мапирање на точките на одлучување.
Мај 2026
5. Лидерство, авторитет и групна динамика на терен
Цел на сесијата:
- Градење легитимен авторитет без авторитарност.
- Работа со тешки клиенти и силни индивидуалци.
- Одржување групна кохезија во стресни услови.
Методологија: Кратка презентација и интерактивен дел со анализа на ситуации од личното искуство на водичите и анализа на интеракциите водич -клиент.
Јуни 2026
6. Стрес, одговорност и улогата на човечкиот фактор во водењето клиенти на планина
Цел на сесијата:
- Препознавање на сопствениот стрес и менталниот замор.
- Разбирање на акумулираната одговорност и „silent pressure“.
- Развој на лични стратегии за одржлива професионална практика.
Методологија: Кратка презентација и интерактивен дел со ставање акцент на контролираната рефлексија и дефинирање лични точки на дејствување.
Дополнителни информации може да се добијата на официјалните меил адреси на МАИВП: