Во периодот од 22 Март до 5 Април 2025 година на Попова Шапка, Национален Парк Шар Планина, се одржаа зимските испити за кандидатите за професионални водичи во планина (International Mountain Leader), чија што обука започна минатата година.
Практичните содржини се изведуваа на падините од врвот Церипашина, а теоретските проверки и вежбите во училница се изведуваа во
хотелите Конак и Victorian Heights на чиј што персонал им се заблагодаруваме за гостопримливоста и професионалноста.
Испитите се дел од процесот на обука на кандидати за професионални водичи во планина од Македонија, како и кандидати кои доаѓаат главно од земјите во регионот, кои се поделени во две групи. Обуката за кандидатите од Македонија се изведува на Македонски јазик, а за кандидатите од регионот на Англиски. Од следната недела продолжува нивната обука со летните модули од УИМЛА
Стандардот, кои ќе се спроведуваат преку тренинзи со физичко присуство, онлајн сесии, како и самонасочено учење преку така наречени домашни задачи кои се состојат од самостојна работа на терен, како и истражувања и обработка на планински тури и програми.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |