За време на генералното собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA, што се одржа од 7 до 12 Ноември во Намур, Белгија, беше едногласно усвоен позитивниот извештај од летната експертиза на техничката комисија на UIMLA, што беше спроведена во Македонија во Јуни оваа година.Официјалниот извештај содржи високи оцени за организираноста на МАИВП, начинот на спроведување на летниот испит и покажаното знаење од страна на кандидатите. Инспекторите нагласено ја изразија својата воодушевеност од прецизноста во спроведување на програмата, начинот на организирање на испитот и оценување на знаењето и покажаната дисциплина од страна на кандидатите.
На 16, 17 и 18 Јуни 2017 година во националниот парк Галичица беше спроведена летна експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.Летната експертиза преставува инспекција од страна на техничката комисија на UIMLA која што е задолжена за спроведување на стандардите за обука и работа на професионалните водичи во планина.Летната и зимската експертиза се задолжителен дел за една национална организација на водичи во планина во процесот на верификација на програмата за обука и работа од страна на UIMLA.
Од 24 до 26 Март на Шар Планина се одржа зимскиот испит за кандидатите кои се обучуваат за професионални водичи во планина согласно со програмата на меѓународната унија на професионални водичи - UIMLA. На испитот присуствуваа 24 кандидати кои ја започнаа својата обука во Мај 2014 и Април 2015 година. Во текот на трите денови теренска работа кандидатите ги демонстрираа своите вештини за движење и престој на планина во зимски услови, менаџирање на група во зимски услови и справување со најчестите ризици.
Страница 3 од 3