На ден Недела – 3 Ноември 2019 година, после дваесет и два месеци обука и одржани триесет и еден семинар, заврши обуката на кандидатите за водичи во планина според меѓународниот стандард IML – International Mountain Leader, што се спроведува според платформата за работа на меѓународната унија UIMLA (Union of international mountain leaders associations).
На 19 Јуни 2019 година, во хотелот Порта, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи мала свеченост при што ќе бидат промовирани првите водичи во планина од Македонија кои се стекнаа со меѓународна лиценца според професионалниот стандард на UIMLA.
Оваа година заради административни процедури кои беа поврзани со трансфер на сметката на UIMLA од Белгија во Франција, како и заради промена на благајникот на организацијата, процедурите за уплата на членарините, а последователно на тоа и можностите за подигнување на карнетите, стикерите за тековната година и беџовите на UIMLA, беа пролонгирани.
Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина во Јуни 2019 ќе започне со обука на нова генерација водичи во планина. Обуката ќе се изведува според програмата за обука и работа на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of international mountain leaders associations).Обуката е наменета пред се за водичи од Берово и Скопје.
На 19 Јуни 2019 година, во хотелот Порта, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи мала свеченост при што ќе бидат промовирани првите водичи во планина од Македонија кои се стекнаа со меѓународна лиценца според професионалниот стандард на UIMLA.Минатата година во Ноември, МАИВП стана полноправна членка на меѓународната унија на професионални водичи во планина, со што се стекна со право за издавање меѓународна лиценца. Процесот на зачленување на МАИВП во UIMLA траеше десет години при што беа спроведени неколку инспекции и мониторинг посети од страна на преставници на меѓународната организација.
Од 15 до 20 Февруари во Македонија беше спроведена така наречената зимска експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA.
На 16-ти и 17-ти Декември 2017 - та година во Хотел Спорт, дел од комплексот на хотел Бистра во Н.П.Маврово, а на иницијатива на МАИВП во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, се реализира регионална средба на водичите во планина од Македонија, Албанија и Косово.
Во организација на тренинг центарот при МАИВП, а во рамки на проектот „Поттикнување на авантуристички туризам преку подобро управување со ризици“ спроведуван од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ и Експлор, на 02 и 03 декемвди 2017 година, во хотел Скардус, на Попова Шапка,
Страница 2 од 3