За време на деновите од викендот, 17 и 18 Ноември 2024, во хотелот Victorian Heights на Попова Шапка, се одржа редовен семинар за релиценцирање на професионалните водичи во планина (International Mountain Leaders, кои работат според меѓународниот UIMLA Стандард).

Со овој семинар, Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина започна спроведување на нов концепт во програмата за контиунирана професионална едукација на лиценцираните водичи, која што воедно преставува и и имплементација на новиот правилник и политиката за контиуниран професионален развој на меѓународната унија - UIMLA (UIMLA CPD policy).

Новина во однос на претходните семинари е што поголемиот дел од темите беа презентирани од страна на колеги од поновите генерации, кои демонстрираа високо ниво на мотивација, професионализам и компетентност во доделените области.

За време на семинарот беа доделени легитимациите - карнетите и беџовите на тројца нови колеги од генерацијата 2018, Соња Манчевска, Михаил Солаков и Васил Тодоровски. Им посакуваме успешно, безбедно и бериќетно извршување на професијата.

Следниот семинар кој ќе биде со зимски содржини, е планиран за почетокот на зимата 2024/25, а терминот ќе биде дефиниран откако на планините ќе има доволно снег за да може да се работат предвиените тематски активности. Информација до членовите на МАИВП ќе биде доставена по меил, а најава за семинарот ќе биде објавена и на веб страната и ФБ профилот на МАИВП.

Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина се заблагодарува на персоналот на хотелот Victorian Heights на Попова Шапка за топлото гостопримство, огромната логистичка помош и високото ниво на професионализам.